Рекоа...

 

 

angelina-markus Тоа е привилегија да се има таков човек, со такви способности, со таква слава, со такви резултати на сите подрачја и да живее тука меѓу нас и на разни начини да ја буди свеста за славното минато, не само на Македонците туку и кај сите сродни народи. Го помага самосознавањето. Врши големо влијание и кај многу Македонци поттикнува истражување. Голем е списокот на спонзорства на луѓе, трибини, здруженија со исто така рака лековита што ги заздравува срцата, ги поткрепува сите околу себе, делува, ја дели љубовта и дарбата што ја негува за своите Македонци.

 

Тоа се и приказните во книгата „Македонски приказни за Филип и Александар“ од Жан Митрев. Со таа книга ќе се зголемува меморатавниот склад на античките знаења кај сите генерации на Македонците, за умните цареви и принцови како ненадминат пример на непобедливата фаланга чија тактика се применува и во современото војување кај сите народи во светот денеска.

 

Приказните ги изразуваат добро познатите историски факти од животот на македонската царска куќа во владеењето на Филип и Александар во втората половина на IV век п.н.е. Се зборува и за скротувањето на Букефал, за битката на Херонеја, за битките на Граник, Ис и Гавгамела, за победата на Пор во Индија, за женидбата на Александар и сето тоа емотивни и уметнички обликувано врз етнички и морални принципи, во македонско рува предадени. Тоа е тоа македонски начин на пишување за нас со радост што го дочекуваме што ни го дарува Жан Митрев.

 

Досетките и длабоките битни потези што царот ги превземал раскажани во секоја приказна и кај Жан Митрев ги развиле истите мисловни способности. Тоа е големо изненадување што ја носи тежината на сите умни заклучоци во неговото пишување и претставува новина во толкувањето на познатите настани на нов начин. Нека му е со среќа се што прави и царски што се бори.

 

Ангелина Маркус
професор по филозофија